Автобус на АРМ се запалил на патот Пробиштип-Кратово, но, за среќа, сите војници што биле во него навреме го напуштиле возилото и не се повредени.

Несреќата се случила на четири километри од Пробиштип.

Интервенирано е со две противпожарни возила, но и покрај тоа, автобусот целосно изгорел.

Од Министерството за одбрана се очекува наскоро да излезат со соопштение околу целиот случај.