Денеска напладне членовите на СДСМ ќе гласаат на првите директни избори за партиски лидер, а на кои не се очекуваат поголеми изненадувања односно реизборот на Зоран Заев е повеќе од извесен. Тој е единствен кандидат, а на гласачкото ливче членовите ќе може да заокружат „за“ или „против“.

За гласање, како што беа најавите, пријавени се 68 999 членови. Изборите ги спроведува Централна изборна комисија на СДСМ во сите 80 општински организации, а ќе се гласа на 237 избирачки места.

„Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од ковид-19 а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот“,

велат од СДСМ.