Изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ денеска е меѓу граѓаните на Чешиново-Облешево, Зрновци, Кочани и Арачиново, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонски Брод, Сопиште, Аеродром и Гази Баба. ДУИ ќе ги продолжи изборните активности во Дебар, а „Левица“ во Богданци и Гевгелија.

Изборните програми пред граѓаните ќе ги претстават и независните кандидати за градоначалници.