Државната изборна комисија се уште им ги нема исплатено парите за членовите на Избирачките одбори кои учествуваа на референдумот. Членови на одбори од повеќе општини за Пресинг Тв потврдуваат дека не зеле пари иако оттогаш се поминати речиси два месеци и оти се обратиле во општините за да се иформираат кои се причините.
Станува збор за околу 450 лица и во секој избрирачки одбор има по шест члена, претседател, заменик претседател и 4 членови.
Сите тие треба да добијат различна сума но во просек секој треба да добие од две до три илјади денари за работата на денот на референдумот. Тие претходно мораа да поминат и обуки за тоа како да постапуваат на денот на гласањето.
Љупка Гугуевска, портпарол на ДИК вели дека парите во секој случај ќе бидат исплатени и оти се чека на општините да ги достават податоците од членовите на одборите.
-Трансакциските сметки и матичните броеви ги внесуваат општинските избирачки комисии во нашиот систем. Откако тоа ќе го направат Државната изборна комисија ќе им ги исплати парите-вели Гугучевска за Пресинг ТВ.
Comments are closed for this post.