Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера попладне во Истанбул се сретна со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.
На средбата, двајцата претседатели изразиле задоволство од високото ниво на севкупните политички односи и содржајната билатерална соработка меѓу двете земји, соопштија од Кабинетот на Иванов.
Во разговорите претседателот Иванов и претседателот Ердоган размениле мислења за актуелните политички случувања во двете земји, односно за престојните претседателски избори во Република Македонија и за локалните избори во Република Турција.
Македонскиот претседател изразил сочуство до турскиот претедател за неодамнешната несреќа во Истанбул, каде што при рушење на зграда животот го загубија повеќе лица.
На средбата двајцата претседатели размениле мислења и за тековните случувања и предизвици со кои се соочува регионот и Европа.
Comments are closed for this post.