Италијанските воздухопловни сили од вчера официјално се вклучија во НАТО-мисијата за воздухопловно патролирање на македонското небо.
Техничкиот договор за вклучување на воздухопловните сили на Италија во НАТО-мисијата за патролирање Скопје го потпишаа министрите за одбрана на двете земји, Славјанка Петровска и Гвидо Крозето.
Но што се крие зад овој договор
Грција која досега го чуваше македонското небо тоа не смее да го прави самостојно бидејќи договорот за тоа не е ратификуван во грчкиот Парламент. Тоа пред неколку недели го потврди и поранешниот министер за надворешни работи Никос Козијас кој е и потписник на Договорот од Преспа.
Постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на Cеверна Македонија. И ова не го носи во Парламентот. Зошто?-праша Козијас.
Од официјалниот почеток на „air policing“ мисијата на НАТО во декември 2021 година, небото над земјава стана дел од колективниот систем на Алијансата за воздушно патролирање. Досега воздухопловното патролирање беше доверено на грчкото воено воздухопловство, а отсега тоа ќе се врши со воздухоплови на грчките и на италијанските воздухопловни сили.
Comments are closed for this post.