Исклучувањето на „непослушните“ сопартијци не е единствена „привилегија“ и исклучок само во ВМРО-ДПМНЕ.Во минатото често пати во време на превирања кај социјалдемократите бевме сведоци на чистки од слични размери.

Меѓу оние позвучните, се памети исклучувањето на Нано Ружин од СДСМ поради тоа што од тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски му беше понудено, а тој прифати да биде амбсадор во Брисел.

Во 2012 СДСМ ги исклучи и Владо Бучковски кој своевремено беше и лидер на партијата и премиер, како и Димитар Бузлевски. И тогаш во партијата за ова беше одлучено едногласно. Причините за исклучување на Бучковски и Бузлевски различни, но слични со оние поради кои ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи истакнатите партиски функционери.

     

Бузлевски е исклучен зошто ја објави кандидатурата за независен кандидат на престојните избори, а Бучковски заради функционирање и работење спротивно на интересите и нанесување на штета на партијата. Сите три одлуки се донесени едногласно, изјави тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски.

И лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски беше исклучен од СДСМ. Во Февруари 2013. Бидејќи со печат од партијата на Драгиша Милетиќ се кандидираше на локалните избори спротивно партиската одлука во СДСМ за бојкот на изборите. да биде уште поинтересно, слично на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ успеал со поритисок врз пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да изнуди гласање за уставните измени, тогаш ставот на СДСМ беше дека  ВМРО-ДПМНЕ се обидувал да убеди некој од коалициските партнети на СДСМ да одигра епизодна улога за Никола Груевски.

 

Нема никакви дилеми дека тоа им успеа единствено со Стевчо Јакимовски новиот глумец на “фамилијата” кој со задоволство ја прифати улогата на тројански коњ, стоеше во тогашното соопштение на СДСМ.

И Есад Рахиќ ја доживеа сличната судбина во 2007 година. СДСМ го исклучи по иницијатива на Извршниот одбор. Бидејќи најавуваше формирање нова политичка партија и ја критикуваше работата на актуелното раководство.

Рахиќ лично повеќе од пет месеци најавува формирање нова партија, изјавува дека е социјалдемократ во заминување и затоа Централниот одбор едногласно одлучи да му ја отвори вратата. Затоа и не ги разбирам неговите нервозни реакции“, изјави тогаш потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули.

Сегашната претседателка на „Глас за Македонија” Солза Грчева и Љубица Буралиева беа исклучени од СДСМ во 2014 кога покрај одлуката на партијата пратениците да го бојкотираат Собранието, беа дел од парламентот.

Тогаш од ЛДП пак беше исклучена и Роза Топузова-Каревска која исто така не го бојкотираше парламентот.

Во албанскиот политички блок се памети исклучувањето на Зијадин Села од ДПА поради несогласувања со лидерот Мендуух Тачи. Тоа се случи во 2014 кога Села го предводеше Движењето за реформи во ДПА, а потоа ја формира Алијансата за албанците.

Во ВМРО-ДПМНЕ се уште се бранува по потресот  по последната седница на Централниот Комитет.

Од партијата беа исклучени Сашо Мијалков и Никола Тодоров, а разрешени Митко Јанчев и Костадин Богданов. Исклучени беа и 8 пратеници кои гласаа за уставните измени.