СДСМ насилно и спротивно на волјата на 1 милион и 200 илјади граѓани го турка договорот  за промена на името во Собранието, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека ДИК  и граѓаните кажаа дека договорот од Преспа е правно – политички  мртов, само Заев не сфаќа.

Токму затоа огромно мнозинство граѓани се против оваа недемократска власт. Заев и криминалниот картел на власт со уцени, закани и притисоци обезбеди парламентарна поддршка за своето незаконие. Притисокот врз пратениците е одраз на недемократски принципи, кои се основен метод на делување на оваа власт. Додека СДСМ ги распродава националните интереси и ја силува волјата на народот паралелно ја покажува својата неспособност за управувања со државата, кратејќи од стратешки сектори и урнисувајќи се, соопштуваат оттаму.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека власта крати 6 милиони евра од Буџетот наменети за намалување на сиромаштијата и над 29 милиони за образование. Власта е неспособна да реализира мерки и проекти и затоа крати.

Политичкиот хаос кој го креираа, создаде и економски неуспех. Државата е на дното. Раст нема, градежништвото паѓа, а капиталните инвестиции бележат историска најниска реализација. Оваа недемократска власт мора  да си замине. Македонија мора да тргне напред, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ