Членовите на Комисијата за избори и именувања донесоа одлука седницата на која ќе се расправа за извештајот од Советот за јавни обвинители за разрешување на специјалната обвинителка, Катица Јанева да биде затворена за јавноста.

На почетокот, членовите од СДСМ побараа изземање на претседателот на комисијата, Илија Димовски, поради тоа што е инволвиран во случаи кои ги вди СЈО. Таквиот предлог не беше прифатен.

Во моментов, комисијата е на пауза, поради тоа што е потребно да се исклучат сите уреди за снимање, а згора на тоа и пратениците ќе мора да ги остават своите мобилни телефони надвор од салата поради сензитивноста на материјалот што ќе биде разгледуван.