Почна седницата на собраниската комисија за избори и именувања на која се расправа по извештајот од Советот за јавни обвинители за разрешување на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Пред седницата, претседателот на комисијата, Илија Димовски, изјави дека ќе бара затворање на седницата, иако тој лично смета дека јавноста и граѓаните заслужуваат да слушнат за што ќе се расправа.

Димовски појасни дека на седницата ќе може да присуствуваат и да гласаат само тие членови коишто имат безбедносен сертификат, без разлика дали се членови или заменици во комисијата.

Материјалот од Советот, којшто има назнака доверливо, по завршувањето на седницата ќе биде оставен во собраниските служби.

За разрешување на Катица Јанева се гласа со просто мнозинство, односно потребни се девет гласови „за“.

Доколку овој предлог помине на комисијата, извештајот оди на пленарна седница на која се потребни се 80 гласови за разрешување на Катица Јанева.