Општина Аеродром за 2018 година има издвоено 300 илјади евра од својот буџет за заштита на животната средина, што е за 20 пати повеќе од сите буџети претходно, соопшти градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, кој најави интервентни мерки за помош на жителите.

Со цел да ги заштитиме најмалите, набавивме прочистувачи за воздух за секоја просторија, во сите градинки на нашата територија. За оваа намена издвоивме над 1,2 милиони денари. До градинките се доставени вкупно 83 прочистувачи на воздух кои филтрираат ПМ честички, прав, чад, мувла, вируси и бактерии – изјави Марин.

Како што појасни градоначланикот, општината воведува нова мерка за субвенционирање на индивидуалните домаќинства кои преминуваат кон поеколошки системи за греење. Во фокусот на овој пилот-проект ќе бидат социјално загрозените семејства во општина Аеродром. Во оваа фаза се издвоени 560.000 денари од општинскиот буџет.

Едно семејство би требало да добие по 15 илајди денари. Критериумите ќе бидат определени на наредната седница, на 29 октомври и ќе има јавен повик.

Марин рече дека контиунирано работат на зголемување на зелените површини. Набавени се 1.800 нови високоизраснати садници и предвидуваат четири нови паркови, во Мичурин и во Стар Аеродром.