Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е последна на дневен ред меѓу 24-те точки во продолжението на 39-та седница која треба да се одржи денеска во Собранието. Интерпелацијата поднесена од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, е примена во Собранието на 24 февруари.

Вкупно 12 пратеници од коалицијата Алијанса за Албаниците и Алтернатива бараат одговорност од Спасовски по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и наводното бегство на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

На дневен ред, меѓу другите точки, се и предлог-законите за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации и за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.