Пратениците повеќе се осврнуваат кон разгледување на личноста на соговорниците отколку кон нивните аргументи, маргинализираните групи не наоѓаат место во дискусиите, а во периодот е одржана само една седница за пратенички прашања
Дебатата во Собранието не ја добива ни минималната потребна оценка (6.0) за да се именува како дебата, констатираат од Институтот за демократија во Извештајот од мониторингот од август до декември лани
На скала од 1 (најниска) до 10 (највисока), дебатата во Собранието за периодот од август до декември е оценета со 5.5, што е пониска во споредба со претходните периоди на набљудување, за кои оценката за нејзиниот квалитет беше од 6 до 6.3.
Дебатата во Собранието не ја добива ни минималната потребна оценка (6.0) за да се именува како дебата, констатираат од Институтот за демократија во Извештајот од мониторингот, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која се спроведува во партнерство со Националниот демократски институт (НДИ) и Центарот за управување со промени (ЦУП).
„Извештајот го потврдува ниското ниво на квалитетот на дебатата во Собранието во последните две години и заклучокот дека постои значителен простор за подобрување“,
оценуваат од Институтот за демократија.
Лични квалификации наместо аргументи
Анализата покажала поголема активност на пратениците од опозицијата, кои учествувале во 61 отсто од набљудуваните дискусии, додека пратениците од власта учествувале во 39 отсто.
Comments are closed for this post.