Имплементацијата на Договорот од Преспа претставува една од најважните обврски преземена од наша страна, истакна денеска Вицпремиерот Бујар Османи

Изразувам  задоволство што Собранието го даде првото зелено светло за пристапување кон уставните, што претставува израз на зрелост на нашите политички претставници во Собранието, во следниот период очекувам зголемување на политичката поддршка и изградба на консензус за сите прашања кои се од наднационален интерес, меѓу кои е секако и имплементација на Планот 18“ – истакна Османи, информирајќи ја јавноста дека Владата го усвои финалниот План 18 на својата редовна седница.