Деновиве во Македонија најпомнувани термини се кризна и вонредна состојба. Кризна веќе постои во делот на Дебар, а извесно е дека ќе се прогласи и вонредна состојба доколку  бројот на заразени од корона вирусот се зголеми.

Но, малкумина знаат што е кризна а што вонредна сотојба и што е разликата.

Кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена, а доколку има потреба да се продолжи  владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот.Но во нашиот случај тоа е проблем бидејќи Собранието е распуштено поради изборите кои требаше да се одржат на 12 април.

Вонредната состојба е покомплексна ситуација. Со прогласот може да се суспендираат одредени вообичаени функции на владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување, или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права.

Потребата да се прогласува вонредна состојба може да произлезе од различни ситуации како што е вооружена акција против државата од страна на внатрешни или надворешни елементи, природна непогода, граѓански немир, епидемија, финансиска или економска криза или генерален штрајк