Европското фудбалско првенство што требаше да се одржи од 12 јуни до 12 јули, се поместува за наредната година. Ова е најважната одлука што беше донесена попладнево во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион, со цел националните шампионати, кои се прекинати поради пандемијата на коронавирус, да може да завршат ова лето.
За натамошните чекори во врска со термините и форматот на Лигата на шампиони и Лига Европа, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин порача дека ќе одлучуваат специјално ангажирани органи.
„Здравјето на навивачите, на стручните тимови и играчите мора да биде наш приоритет и во тој дух УЕФА донесе низа одлуки за натпреварувањата во националите лиги да се приведат кон крај на најбезбеден начин. Горд сум на моите колеги од остатокот на Европа. Важно е дека постои искрен дух за соработка и што сите ја препознаа потребата да се жртвуваат за најдобар резултат“, изјави Чеферин.
Мечот против Косово Македонија ќе го одигра најверојатно во јуни оваа година