Собраниската седница на која ќе гласа за изборот на новата Влада на мандаторот Зоран Заев почна со правен предизвик поставен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Тој најпрвин рече дека најголема критика за Македонија од Европската унија е што илјадници закони се штанцаат, а тие не се применуваат.

Самата Влада не ги почитува законите кои ги носи“, рече Димовски.

Тој потсети дека само пред неколку месеци е донесен Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Член 44 став 2 вели дека функцијата претседател на Републиката, на Влада, министер, градоначалник….и други функции кои ги избира, или именува Собранието или Владата се неспоиви една со друга. Денес Собранието ќе се произнесе дали Собранието ја сака ЕУ-перспективата или не. Сите критики од ЕУ одат во насока на непримена на законите.

Во овој случај кршењето на тој член ќе биде на највисоко ниво од мандатарот“, рече Димовски.

Конкретно тој смета дека е неспово во исто време Зоран Заев да биде и премиер и министер за финансии, па затоа Димовски поредложи точката број 3 од седницата на Собранието за избор на членови на Владата да биде симната од дневен ред, „а Заев да предложи нов текст усогласен со законите на Република Македонија“.

Гласаа 96, од кои „за“ 36, а против 60, па предлогот на пратеникот Илија Димовски не беше прифатен.