Дискусија на висок тон во судот се водеше помеѓу обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими обвинет во случајот „Титаник 2“.

Ибраими тврди дека СЈО крие докази. Фетаи  му рече да и поднесе кривична пријава.

Поранешниот член на ДИК,  реагираше на водењето на записникот од претходното рочиште. Рече дека недостасуваат делови од неговиот исказ.

Во исто време додека тој зборуваше, Фетаи реагираше до судот дека обвинетиот се повторува, па го праша судот дали обвинетиот дава завршен збор.

Ибраими  возврати:

Немате работа со човек од улица, туку со деталист и перфекционост.

Веќе видовме“, се надоврза Фетаи.

„Ќе видите допрва“, врати Ибраими.

Ибраими рече дека се што ќе предложел, се му се одбива и затоа се сомневал во  непристрасноста на судот.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.