Претседателот Стево Пендаровски денеска информира дека земјава и официјално веќе бара поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза.

-Како и во времето на КОВИД, за вакцините, така и сега, поради енергетската криза, ќе ја замолиме ЕУ за сличен пристап. Ние замоливме и преку нашето МНР тоа го правиме. Станува збор за криза без преседан. Земјава е високо зависна од увоз на енергенси и многу ќе ни значи, не само нам, туку на сите во регионот, ако ЕУ од своите фондови за вонредни ситуации одвои помош и за Западен Балкан, рече Пендаровски на заедничката прес-конференција со словачката претседателка Зузана Чапутова, одговорајќи на новинарско прашање.

Според шефот на државата, за енергијата, како земја која почна преговори со ЕУ имаме поинаков статус и поголемо право да очекуваме поддршка иако се уште не сме членки.