Преспа форумот“ викендов ќе се одржи во Струга со присуство на високи гости. Поради тоа во градот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Годинава на Преспа форумот, ќе бидат присутни и со свои излагања на различни теми, ќе земат учество, амбасадори, највисокиот македонски државен врв, како и претседатели и премиери од регионот и пошироко, помеѓу кои и Филип Рикер, поранешен амбасадор во Скопје и помошник државен секретар на САД, но и Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ.