СДСМ објави отворен повик за самокандидрање на кандидати за претстојните претседателски избори.

Во огласот се наведени четири критериуми кои се бараат од кандидатите: да е личност со висок општествен углед, да биде способен за извршување на високи државнички функции, да ужива доверба на членството и симпатизерите на СДСМ, како и да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ и ќе работи на реализација на стратешките приоритети на Република Македонија-полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и меѓународна афирмација и промоција на Република Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е до 19 февруари, кои своите  апликации треба да ги достават до Извршниот одбор на партијата.

Од СДСМ најавија дека името на кандидатот за претседател ќе го објават на 3 март.

Одлуката за објавување на повикот за кандидирање била донесена на последната седница на Централниот одбор.

Во јавноста веже се вртата имињата на Стево Пендаровски, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и Никола Димитров.

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, според резултатите од партиската анкета, и вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, според поддршката на партиското раководство, се двете имиња на кои најверојатно ќе се сведе кандидатот на власта за претстојните претседателски избори, објави неодамна ТВ 21.