По прекинувањето на 135. седница на која заврши расправата за измените на Законот за Совет на јавни обвинители, Собранието попладнево продолжи со 123. седница и дискусијата по Предлог-измените на Законот за одбрана.

Измените предвидуваат промена на социјалниот и правниот статус на Армијата. Со него се дефинирани обврските кои државата ги презема како идна членка на НАТО. Се преминува од систем на индивидуална во систем на колективна одбрана.

Со Законот се менува и името на Армијата на Република Македонија во Армија на Северна Македонија