Аднан Мемеди кој е дел од Централниот одбор на Сојузот на ромите денес на својот Фејсбук профил објави дека за претседател на Македонија ќе го кандидираат Амди Бајрам, објави Скопје1.

„На денешната седница на централниот одбор на Сојузот на ромите за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира претседателот на партијата и актуелен пратеник во Македонското собрание г-дин Амди Бајрам“, стои во објавата на Фејсбук.