Ги охрабруваме С.Македонија и Бугарија во иднина заеднички да работат на широко позитивно поставување на агенда, која ќе покаже дека соработуваат, а тоа ќе биде најдобриот начин да се направи чекор напред кон одржување на првата конференција за пристапување кон Европската унија (ЕУ), изјави денеска германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн, изразувајќи личен оптимизам и увереност во успех на ваквите активности.

Според Холштајн започнувањето на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија беше во секторот на проширувањето една од најважните цели во претседавањето на Германија.

Ние можевме да дојдеме до спогодба со 26 земји, но 27 земји не дадоа согласност, изјави денеска амбасадорка Холштајн одговарајќи на новинарско прашање на заедничка прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев, по потпишувањето на Договор за грант од германската КВФ банка наменет за обновливи извори на енергија.