Комесарот за проширување Јоханес Хан го пофали напредокот на Македонија и ја нарече успешна приказна на Западниот Балкан. Тој во Виена учествува на економскиот форум каде ќе има средба со премиерот Заев.

Воодушевен сум што сум тука за да ја претставам извонредната успешна приказна во Западен Балкан. Приказната за тоа како визијата, политичките промени и одлучност можат да го променат патот на една земја: Честитки Северна Македонија-напиша комесарот на Твитер.