Еврокомесарот за проширување, Хан изјави дека заедницата на Европа е можна само со прием на сите земји од Западен Балкан.

На прашањето зошто на ЕУ и е потребен Западен Балкан Хан истакна дека во земјите од Западен Балкан коишто не се членки на Унијата живеат околу 18 милиони луѓе и дека регионот има многу предизвици.

-И бидејќи Европа досега покажа дека може да се соочи со предизвиците, треба да му помогне на Западен Балкан зошто станува збор за регион со голем потенцијал, рече меѓу другото Хан и додаде дека „Европа ќе биде обединета и унифицирана, само ако во неа бидат обединети овие шест земји од Западен Балкан“.

Хан нагласи дека неспоредлив е придонесот на Заев и Македонија за целиот регион на Западен Балкан. – И затоа треба да направиме се, за да и помогнеме не Северна Македонија“, додаде тој.