По одлуката на Советот на министри на ЕУ да не се определи датум за почнување на пристапните преговори за проѓирување со Македонија и Албанија, се огласи комесарот за проширување, Јоханес Хан.
Тој изрази изрази жалење што Советот на министри ја пропуштил можноста да донесе јасна одлука за отворање на преговорите.
– Ова не беше момент на слава на ЕУ, иако не сакам да обвинувам никого. Се надевам дека лидерите на ЕУ ќе ја исправат оваа одлука. Огромно мнозинство на земјите членки по третпат во 15 месеци ја прифатија препораката на Европската комисија да ги отвориме преговорите. Жалам што тоа не го направивме. Ова не е нешто на што можеме да бидеме горди. Секое понатамошно одложување го загрозува нашиот кредибилитет во регионот и настојувањата да бидеме посилни играчи на глобален план – изјави Хан, по донесувањето на одлуката.
Comments are closed for this post.