Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, коментирајќи го бегството на Никола Груевски нагласи дека не е првпат во земјата да се примат важни луѓе, но оти никој од нив не бил на нивото на Груевски и дека тој е поранешен лидер на блиска држава клучна за мигрантскиот коридор кон Унгарија.

Без поранешниот македонски премиер, ќе беше многу потешко да ја одбраниме границата на Унгарија од мигрантскиот бран и покрај тоа што изградивме ограда. Тој побара помош и ние му помогнавме“, рече унгарскиот премиер за унгарското радио „Кошут“

Орбан рекол дека зад прогонот на поранешниот македонски премиер јасно ги видел организациите на Џорџ Сорос, кои, како што рекол, постојано ги следат трагите на Груевски.