Патничко возило „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(37) од Штип удрило во пешакот В.Н. (49) од Штип со што и нанело повреди.

По ударот, повредената жената била пренесена во Клиничката болница во Штип.

Сообраќајката се случила вчера во 13 часот на улица „Сутјеска“ во Штип, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип.