Унгарската Канцеларија за миграција го одобрила барањето на осудениот екс премиер, Никола Груевски, за политички азил во Унгарија, соопштуваат неофицијално унгарските медиуми.

Иако нема официјална потврда од Унгарската Канцеларија за миграција, дали е одобрено барањето на Груевски, проценката на речиси сите тамошни медиуми е дека одговорот е позитивен.

Ваквата проценка ја темелат на со оглед на брзината со која е одлучено.

Пресинг ТВ се обиде да ја контактира Канцаларијата во Будимпешта, но никој не одговори на нашите повици.

Од Министерството за правда во меѓувреме информираа дека барањето за екстрадиција на Груевски е подготвено и може да се очекува најдоцна утре да биде испратено до унгарските власти без разлика на тоа каква ќе биде официјалната одлуката на унгарските власти за азил.