Пратеникот од ДУИ, Артан Груби денеска ја дополни изјавата која вчера предизвика внимание дека поддршката за Стево Пендаровски за претседателките избори во иднина ќе им донесе гувернерско место.

Груби објасни дека се работи за концепт кoј се вика консензуалност и оти во идинина Албанец ќе биде и претседател на државата и премиер и гувернер и оти имаат квалитетни кадри.