„Носителот“ на американската црна листа Артан Груби се „колне“ во УЧК. За него УЧК е насекаде во Македонија и во државните институции.

УЧК ја води владата на Македонија, УЧК го води- Собранието, УЧК ги води општините во Македонија-говореше некогашниот прв вицепремиер во време на најголемиот „чалам“.

Додуша и има право, командант Форино од името на Талат Џафери долгу години беше на чело на Собранието, а неговиот водач Али Ахмети беше на чело на „подружницата“ на УЧК во Македонија наречена ОНА.

За Груби се поврзуваа бројни афери поврзани со неговото минато кога не беше активен политичар,Една од најголемите беше таа дека бил преведувач во озогласената „жолта куќа“ на УЧК, како што самиот рече Али Ахмети.

Груби подоцна објаснуваше дека Ахмети бил погрешно разбран.Точно е дека тој работел како преведувач за „жолтата куќа“ во хашкиот трибунал а не во неа.

Што е „жолта куќа“

„Жолтата куќа’ во време и по воениот конфликт во Косово беше посочувана како место, во кое се вршеле операции за вадење органи од заробеници на ОВК, претежно Срби. За ова злосторство против човештвото пишуваше поранешната хашка обвинителка Карла Дел Понте во својата книга во 2008 година, а случајот, освен српското обвинителство, го истражуваше и специјалниот истражувач на Советот на Европа Дик Марти