Артан Груби и е добро познат на македонската јавност уште кога не беше влезен во политиката. Стана познат по настаните на Калето во 2011 година кога Албанците протестираа по најавата дека на скопската тврдина ќе се гради црква.
Тоа воопшто не беше предвидено туку се планираше изграба на еден вид музеј.Но, тоа за прврзаниците на Груби не беше воопшто важно па речиси го нападнаа Калето и мавааа со камења кон новинарите и насобраните граѓани.
Груби беше еден од првоосомничените за инцидентите но се разбира дека обвинение немаше поради влијанието на ДУИ во Обвинителството.
Во 2019 година се случи дивеењето на навивачите на Шкупи наречени „Шверцери“ чии неофицијален водач е токму Груби.Шверцерите го демолираа театарот кога се прославуваше 30 години од формирањето на оваа група.
Беше прикажан и документарен филм за навивачите од Чаир низ годините, а присутни беа и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот.Навивачите скокаа и ги кршеа столчињата а штетата од дивеењето чинеше 4.000 евра.
Сега национализмот во Македонија Груби сега по потпалува со резултатите на пописот кои ќе бидат објавени следната недела.
Најавата на Груби дека „Албанците ќе излезат толку колку што се“ само ги подреа шпекулациите дека Албанците ќе бидат само за десетина проценти помалку од Македонците и дека процентите од попишувањето беа однапред „наштимани“.
Comments are closed for this post.