Вицепремиерот Артан Груби денеска направи споредба каде биле пред 20 години со правата на Албанците и употребата на албанскиот јазик.

Дваесет години не се далеку. Застанете и само споредете како бевте вие заедно со нас пред 20 години и како сме денеска. Во Влада, Собрание зборуваме албански. Недалеку од вчера на одбележувањето на Илинден одекна албанското оро и песна на сред Крушево и немаше двоумење од ниту еден учесник за такво достоинствено претставување на албанската култура, рече Груби.