Бев на Халкидики и си поминав одлично, но не се сретнав со Заев. Не верувајте на се што ќе видите во медиумите, изјавил Џефри Пајат америкснски амбасадор во Грција за новинската агенција АНА-МПА.

На овој начин како што пренесува МИА, тој ги демантирал информациите во дел од грчите медиуми за „тајни средби“ со македонскиот премиер.

Порталот halkidikifokus.gr објави вест под наслов „Заев и Пајат на викенд на Халкидики“ во која пишува за „тајни посети“ на краците, без да ги поврзе премиерот и амбасадорот дека се сретнале, а текстот го преземаа дел од онлајн изданијата на грчките медиуми, но со променет наслов што алудираше на тајна средба, за кое со демант преку Твитер излезе Американската амбасада во Грција, пишува МИА.

Пајат освен што ги демантира шпекулациите за наводна средба со Заев, вели дека бил на Халкидики си поминал одлично, а во интервјуто за грчката новинска агенција говори и за дводневната работилница во Солун одржана минатата седмица на која новинари од Македонија и Грција дискутираа за дезинформациите.

Најважното нешто за мене беше на стратешко ниво. Ја зајакна визијата што ја промовираат САД, Солун како регионален крстопат и порта и особено улогата што грчката Македонија ја игра како партнер за да ѝ помогне на Северна Македонија да продолжи со европските реформи и да ја консолидира нејзината позиција во евроатлантското семејство, во евроатлантските институции, почнувајќи од НАТО. Работилницата беше многу успешна, вели американскиот амбасадор за АНА -МПА.