Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу во коментар дали смета дека ќе остане на министерската позиција истакна дека тоа е проценка која прво треба да произлезе од граѓаните и од двете политичките структури што се коалициски партнер.

Секоја нивна одлука ќе биде испочитувана и немам ништо против. Главно е ние да сме посветени до кога сме на чело на таа задача. Ние сме во функција да придонесеме за развој на државата, а не да коментираме кој ќе биде исклучен“, изјави Фазлиу.

Инаку Фазлиу е кадар на политичката партија НДП.