Пожар избувнал во близина на салата  Расадник во населбата Кисела Вода, објавува „Република.мк“.

Пожарот е во стан на 5. кат и во моментот е празен, но има станари кои се заглавени во зградата што се наоѓа на улица „Народни Херои“ и не можат да излезат.

Засега не е позната причината за пожарот.

Како што пишува „Република“ , многу пожарникарни возила се на терен и се обидуваат да ги совладаат пламените јазици.