Царинските службеници на граничниот премин „Богородица“ откриле и заплениле 45 килогами дрога. Триесет и четири ипол килограми од дрогата биле марихуана, а 9,8 килограми хашиш. Дрогата била скриена во подот на возилото во 49 пакувања со зеленкаста тревкаста материја обвиткана со црна лента.

Товарот со наркотици бил пронајден во автомобил со албанска регистрација во кој биле двајца албански државјани, возачот О.Л. и неговата сопатничка А.Ј., што се обиделе да влезат во Грција. Тие двајцата се приведени со кривични пријави за производство и продажба на наркотици.

Според шефицата на службата за борба против криумчарење, Лилјана Живковиќ-Давиткова, пронајдената дрога била наменета за црниот пазар во Грција и Турција, а е со потекло од Албанија.

 

Прес Царинска управа за запленета дрога

Posted by MИА.mk on Thursday, October 4, 2018