Законот за изманување на Законот за плата на избрани и именувани лица не помина во Собранието денеска попладне. Предлогот значеше укинување на апанажите за пратениците и за избраните владини функционери откако ќе им престане функцијата

16 пратеници гласаа „за“, а против беа 13 пратеници, воздржани немаше. Со тоа предлогот на пратениците од Левица не е усвоен.

Што правиме со тие функционери што не се милионери, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако тој беше еден од пратениците кои гласаа против.