Имаме информација дека 24 припадници на полицијата во изминативе неколку дена се подложени на тортура за да се самодеградираат. Уценети се сами да бараат прераспоредување на пониско ниво или како што им кажувале ќе виделе што ќе им се случи, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски го третира МВР како партиски огранок на СДСМ, само што штетата ја плаќаме сите и со нарушената безбедност и со парите на државата кои ќе треба да ги исплати за незаконските, политички смени и одлуки. Имено ако во 2018 година бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесувал 1200, само за првите 5 месеци во 2019 година бројот на тужби изнесува дури 3500. Тоа е скоро 1/3 од вработените во МВР. Кој ќе сноси одговорност за ова? Колкава ќе биде штета што ќе треба да се исплати од Буџетот на Република Македонија, заради личните хирови на Спасовски?“, прашува Ѓорѓиевски.

Тој потенцираше дека Спасовски и Заев ја понижиле полицијата и за тоа мора да има одговорност.