Само во март како никогаш досега имаме повеќе од 500 пожари низ цела Македонија. Македонија гори, штетите се милионски и огромни, а никој не превзема одговорност.  Господине Заев ова е доказ за вашата неспособност и неспособноста на вашите министри и градоначалници, обвини пратеникот од ВМРО-ДПМНе, Влатко Ѓорчев.

Според Ѓорчев во месец март, кога поливина денови во месецот има дожд , кога се уште има снег има 500 пожари како никогаш последните 100 години.

Што прави Зоран Заев? Нема дадена ниту една изјава за ова, нема свикана ниту еден кризен штаб, ги нема свикано и построено своите министри, затоа што не го интересира тоа. Оди во кампања се слика и дава изјава. Вози мотор во викенди, кафе во чаршијата во Охрид, а истовремено ја имаме најголемата криза последните сто години во месец парт со пожарите и никому ништо“, вели пратеникот од опозициската партија.

Тој апелира да се третира оваа тема, бидејќи како што вели ова што се случува е катастрофа.