Германците потрошиле во просек околу 100 евра (112 долари) по глава на жител минатата година, за да си купат од продавниците пиво и пијалаци врз основа на пиво. Ова го  покажува истражувањето на компанијата за пазарни анализи “Нилсен” (Nielsen), цитирано од ДПА.

Вкупно околу 6.1 милијарди литри пиво и мешани пијалоци со пиво биле продадени минатата година, што е за 2,9 проценти повеќе во однос на претходната година.

Прометот е зголемен за 7% до 8 милијарди евра, иако  цените на речиси сите познати брендови на пиво се зголемија минатата година.