Денот на посетата на папата Франциск 7 мај сепак ќе биде работен. Иако постоеја најави дека ќе биде прогласен за неработен сепак на 131 владина седница била донесена одлука тој ден да биде работен, информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Сепак се очекува да биде затворен за сообраќај голем дел од главниот град. Во текот на посетата папата франциск ќе одржи миса на плоштадот во Скопје и ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза.