Нема промена во бугарската позиција за евроинтеграцијата на с.Македонија, изјави за БНТ, бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.
-Никој од тимот на Министерството во сите свои разговори, средби со европски партнери, со амбасадори на други држави-членки на ЕУ или на НАТО, никој не отстапил од таа позиција и несе преземени никакви ангажмани, што се врзани за рокови, изјави министерката.
Прашањата дали е променета бугарската позиција произлегоа од изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која имаше средба со Генчовска, во која меѓу другото рече дека одговорност на ЕУ е да ги започне преговорите за членство со Албанија и С.Македонија.
Толкувањето на изјавата на Бербок, Генчовска ја оцени како интерпретација на медиумите. Министерката има стенограма од разговорот, како што има од сите средби остварени од тимот на Министерството за надворешни работи.
-Би рекла дека е дезинформација или некаква шпекулација. Никакви ангажмани не се прифатени од бугарска страна во врска со започнување на преговарачкиот процес со РСМ, изјави Генчовска.
Бевме отворено чесни и рековме дека нема напредок околу политичките прашања, наспроти нашите желби, зашто тоа што го очекуваме од македонска страна е конкретни резултати во исполнувањето на нашиот Договор за добрососедство од 2017 година, додаде уште таа. Основните барања од бугарска страна кон РСМ остануваат непроменети. Државата настојува правата на македонските Бугари да бидат гарантирани во македонскиот Устав.
-Чесно да ви кажам, околу политичките прашања нема никаков напредок, иако навистина му подадовме пријателска рака на Министерството за надворешни работи на РСМ. Очекуваме конкретни резултати, изјави министерката Генчовска.
Таа е категорична дека овој тим на Министерството нема да отстапи од ниту едно од барањата.
Comments are closed for this post.