Заменик помошникот на Државниот секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, вети силна поддршка за брза евроинтеграција на  Македонија и оти тие работат со нивните европски партнери да обезбедат тоа да се случи многу брзо.

-Сакам да ја изразам силната поддршка на нашата администрација за брза евроинтеграција на Македонија и ние работиме со нашите европски партнери да обезбедиме тоа да се случи многу брзо. Мислам дека сите може да се согласиме дека Македонија културно, историски и сè повеќе економски е дел од Европа и вие треба да имате свое место на масата. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да покажете флексибилност во процесот на интеграција и во спроведувањето на натамошните реформи тоа да стане реалност. Дополнително, истражуваме можности за зајакнување на водечкото место на Македонија во меѓународните односи за да најдеме решение за прашањата кои се предизвик за алијансата и за регионот на Балканот и Европа во целост. Се надеваме и дека ќе најдеме начини да ги продлабочиме нашите веќе одлични односи“, изјави Ескобар на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.