Нови аудио и видеобомби со поранешниот директор на ФЗО, Ден Дончев, кој во едно од видеата е фатен како зема купче пари. Во останатите аудиоразговори објавени денеска на „Јутјуб“ се слушаат разговори поврзани со рекетирање за фирмата „Дијамед“.

Сите видеа заедно откриваат дека Ден Дончев не само што зема пари, туку и потврдува дека е во целосна координација со тогашниот премиер Зоран Заев.

Од првото аудио се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, за кого самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција.

Во разговорите може да се слушне и како Дончев го координира случајот „Рекет 2“, односно да влезат во компанијата „Дијамед“ која пак обвини за рекетирање од власта.