На листата најсреќни земји на светот, Финска повторно го зазема првото место, додека од регионот Македонија по ниво на среќа е на 84 место, после Словенија која е на 44 место.

Резултатите од истражување на нивото на среќа објавени се на страницата на „World Happiness Report“, а зад Финска следуваат Данска, Норвешка, Исланд, Холандија, Швајцарија и Шведска.

Од земјите од регионот, Словенија е на 44 место, Србија на 70, Црна Гора на 73, БиХ на 78, а Македонија на 84 место.

Грција е на 82 место, а Албанија на 107 место, додека меѓу најсреќните земји се најдоа Нов Зеланд 8, Канада 9, Австрија 10, Австралија 11.

Велика Британија, Германија и Франција се наоѓаат на 15, 17, и 24 место, Русија е на 68, САД на 19 место.

Најлошо рангирани земји се Јужен Судан 156, Централно Афричка Република 155, Авганистан 154, Танзанија 153, Руанда 152 и Јемен 151.

Листата на најсреќни земји се прави врз основа на тоа колку граѓаните на една земја се задоволни.

Истражувањето го спроведува мрежата на Обединетите нации за одржлив развој во соработка со Фондацијата Ернесто Или, а го спроведува група независни стручњаци.