Наместо дрва, никнаа згради. И тоа е единственото што се  работи во општина Аеродром. Човекот кој ветуваше зеленило,со мега објектите го загуши Аеродром, реагира ГДУ.

Златко Марин, уверуваше дека ќе ја сопре изградбата на десеткатницата кај „Мајчин дом“, а кога седна во фотелја со негова дозвола се уништи единствената зелена површина која остана долж булеварот „Јане Сандански“. Очигледно е дека неговите ветувања кои ги даде во времето кога се кандидираше беа само празни зборови. Просто човек да се запраша дали ја има прочитано програмата со која го доби мандатот?

Од партијата бараат Златко Марин да им одговори на граѓаните зошто ќе троши дури 73. 000 евра за да ги информира што работел или ќе сработел за нив?

Неговиот имиџ не може да го подобри ниту една агенција. Трошењето на толку пари за имиџ на градоначалник е  срамно и бесмислено. Шест илјади евра месечно, Марин, ќе плаќа за агенција да му одредува како да се движи што да зборува на јавните настапи, па и на социјалните медиуми да го фали колку е добар и колку тој работи. Но ни фалби, ни фејсбук, ни твитер не помага. Граѓаните гледаат и знаат и не ве бираа за пари да трошите на вашиот имиџ и да ја покривате неспособноста, туку да им овозможите поубав живот“, велат од ГДУ.

Од таму го повикуваат премиерот Заев да не молчи за ваквите скандалозни однесувања на неговите неспособни градоначалници.

Време е „метлата“ да ги фати и нив. Премиере, почнете да барате оставки од оние кои не му служат на народот. Почнете од градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, зошто со ангажирањето на маркетинг агенцијата за подобрување на својот имиџ, јасно  е дека нема намера сам тоа да го стори“, стои во соопштението на ГДУ.