Тешки обвиненија и навреди паднаа на последното телевизиско соочување помеѓу претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.
Пендаровски обвини дека таткото на Силјановска бил припадник на полицијата и соработник на УДБА.
Ова е сталинистичка метода. За ова обвинение ќе добиете соодветна кривична пријава, му одговори Сиљановска.
Таа потоа го обвини дека неговиот татко работел во полицијата.
Дали сакате да ви возвратам со кривична пријава. Мојот татко целиот свој работен век го помина како учител, рече Пендаровски.
Сиљановска обвини дека Пендаровски ја предводел акцијата на полицијата во Радожда.
Comments are closed for this post.