Со одговорен однос и пристап кон здравствениот сектор и здравствените работници создаваме стабилен здравствен систем и креираме атмосфера во која младите здравствени работници својата иднина ќе ја гледаат дома.

Вакцинацијата е клучен фактор и најсилно оружје во борбата со коронавирусот и најсигурен начин за стекнување колективен имунитет. Податоците покажуваат дека на удар се невакцинираните, затоа апелирам на одговорност, висока свест и совесност. Здравјето е наш приоритет – порача потпретседателот Филипче од населбата Лисиче, во општина Аеродром.

Во изминатите 4 години СДСМ реализираше видливо и реално и разликата од конкурентите е јасна. Продолжуваме континуирано да создаваме, да инвестираме, да градиме перспективна иднина. СДСМ, во Аеродром го нуди најдоброто и сигурно победува со Александар Филиповски